A1: Поради проблеми со Google корисниците немаат пристап до овие услуги

Објавено на 21.12.2019 во Новости



A1: Поради проблеми со Google корисниците немаат пристап до овие услуги

А1 Македонија ја известува јавноста дека поради проблем со сервисите на Google корисниците од Европските земји  не можеа да пристапат на дел од  услугите од оваа платформа. 

Достапноста и до други сајтови кои користат Google сервиси за рекламирање исто така се отвораат со намалена брзина.

За А1 корисниците, во моментов е  заобиколен локалниот проблем преку серверите од Европа кои во моментов не се афектирани од генералниот проблемот.

А1 Македонија го следи развојот на ново настанатата состојба и ги презема сите потребни активности со цел на своите корисници да им понуди квалитетен сервис.

Автор: Aleksandar Stankov