Кина официјално започна со 6G развојот

Објавено на 23.12.2019 во Новости



Кина официјално започна со 6G развојот

Кинеската влада соопшти дека официјално е започнат проектот за развој на следната генерација на мобилна конекција 6G за што е поставена јасна стратегија.

Развојот на 6G ќе го предводат две работни групи, едната е задолжена за координација на сите владини тела, а другата е научна и составена од четириесет институти од универзитети.

Секако да се стигне до 6G ќе бидат потребни години, но Кина која веќе ја доби битката за 5G мрежата сака да остане на врвот како што оваа технологија сега ќе започне да се применува на глобално ниво.

Комерцијалната имплементација на 5G мрежата ја предводи Huawei.