Samsung ги спрема Lite верзиите за почетокот на 2020

Објавено на 24.12.2019 во Новости



Samsung ги спрема Lite верзиите за почетокот на 2020

Во градот на коцката, Лас Вегас ќе бидат претставени двете нови Lite верзии од премиум класата на Samsung. CES 2020 ќе ни ги претстави Galaxy S10 Lite и Note 10 Lite. S10 Lite ќе има SuperAMOLED дисплеј со големина од 6,7 инчи и резолуција од 2400x1800 пиксели, Snapdragon 855 процесор, 8GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија.

Задната камера ќе биде со 48MP+12MP+12MP, додека предната за селфи слики ќе биде скриена во дупка во екранот со резолуција од 32MP. Note 10 Lite ќе биде со сличен SuperAMOLED екран од 6,7 инчи, со камери од 12MP – класична, телефото камера и широкоаголна камера. Цената на S10 Lite би требало да биде околу 680 евра, додека Note 10 lite ќе биде 610 евра.