Apple е мистериозен со развој на новата комуникациска мрежа

Објавено на 24.12.2019 во Новости



Apple е мистериозен со развој на новата комуникациска мрежа

Apple често се опишува како компанија што ги помрднува границите и создава нови трендови, потсетете се само на iPhone. Идејата на којашто сега работи е навистина вселенска. Според извештајот на Bloomberg, Apple потивко собира различни експерти за да поработат на проектот за развој на мрежата со комуникациски сателити, со што Apple би станал независен од класичните интернет и мобилни оператори.

Уште од 2016 година, шефот на Apple, Тим Кук, вели дека компанијата нема доволно искуство и знаење да се позанимава со мрежите, но изгледа дека тоа се менува. Apple ангажирал едно од најголемите имиња од авионската и комуникациската индустрија за да се позанимаваат со овој посебен проект, меѓу кои се наоѓаат Мајкл Трел и Џон Фенвик, кои работеле на развој во компанијата Skybox Imaging (за сателитски фотографии), пред да ја купи Google во 2014 година. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: