Google Translate е сега достапен и кога не сте на интернет

Објавено на 25.12.2019 во Новости



Google Translate е сега достапен и кога не сте на интернет

Една од најкорисните апликации што може да ги имате на својот смартфон кога патувате е преведувачот Google Translate. Веќе не е важно дали разбирате некој јазик или не. Google ќе се погрижи да нема недоразбирања.

За користење на Google Translate досега мораше да имате интернет поврзување, но со новата верзија на апликацијата, за повеќето јазици станува достапна и кога сте офлајн. Доволно е да го отворите Google Translate кога сте уште дома, да пронајдете од кој на кој јазик сакате да преведувате, ги одбирате и кликате на иконката Download. Google тврди дека 59 јазици моментално се достапни во офлајн режим, а точноста им е подобрена за 12%. Ова важи само за мобилната апликација.