Голема побарувачка за телефонот што чини „дури“ 1500 долари

Објавено на 25.12.2019 во Новости



Голема побарувачка за телефонот што чини „дури“ 1500 долари

Samsung и Huawei први ги претставија своите смартфони на преклоп, кои се поскапи од оној на Motorola. Motorola применува тактика со хардвер што е за малку послаб од оној на првите брендови во светот, плус тоа што го креираше новиот модел по терк на класикот Razr.

Тоа значи дека компанијата игра на картата за корисниците да ги фати носталгија за еден од најпопуларните телефони од минатата деценија, чиј екран се отвара вертикално. Неговиот процесор е за средната класа на смартфони, не е со најмоќната батерија и најмоќната камера, па затоа цената му е екстра во споредба со конкуренцијата. Новиот Razr чини 1500 долари. Преднарачките требаше да почнат од утре, но одложени се официјално за почетокот на 2020 година. 

Автор: Aleksandar Stankov