Русија формира своја интранет мрежа, независно од глобалната интернет мрежа

Објавено на 26.12.2019 во Новости



Русија формира своја интранет мрежа, независно од глобалната интернет мрежа

Русија се исклучува официјално од глобалната интернет мрежа и продолжува да функционира само преку домашните руски сервери. Ова беше претходно најавено, со што Русија ќе креира своја интранет мрежа, замислена само за руската држава. 

Законот за воспоставувањето на домашната мрежа е потпишан од претседателот Владимир Путин, во мај, 2019 година. Целта на руските власти е во случај на сајбер напади иницирани надвор од нивната земја, интернет пристап да се има само внатре во земјата и да бидат достапни само руски веб страници и руски сервиси, хостирани од руски сервери. Тестирањето со заштита од вакви напади поминало без никакви проблеми и Русија е спремна да ја имплементира интранет мрежата.