Кога ќе пристигне Huawei Mate X 2 со двоен екран?

Објавено на 27.12.2019 во Новости



Кога ќе пристигне Huawei Mate X 2 со двоен екран?

Најновите информации од добавувач со компоненти за двоен екран и механизам за нивно поврзување и отворање открива дека започнати се првите тест компоненти за Huawei Mate X 2.

Според динамиката на производство сосема новиот смартфон со двоен екран би требало да пристигне во втората половина на 2020 година.

Засега за Huawei Mate X 2 нема никакви детали, но се очекуваат поголеми измени во самиот механизам. За некој месец доаѓа помалата надградба на овој модел Huawei Mate XS со осум-јадрен Kirin 990 процесор.