Со Android 11 ќе снимаме видеа поголеми од 4 GB?

Објавено на 28.12.2019 во Новости



Со Android 11 ќе снимаме видеа поголеми од 4 GB?

Google во 2014 година постави лимит на оперативниот систем Android при што не можеше да се снимаат видеа поголеми од 4 GB. Камерата штом го достигне овој лимит продолжува да снима, но креира нов фајл.

Така корисниците кои снимаа подолги содржини со висока резолуција добиваа повеќе фајлови од еден настан. Затоа Google најверојатно ќе го тргне лимитот кај новата верзија на оперативниот систем Android.

Ова ќе биде добредојдено за премиум смартфоните кои веќе снимаат со 4K HD резолуција при 60 FPS што зафаќа многу простор, но и самиот хардвер веќе овозможува ваков вид на ултра квалитетни и големи видеа.