iPad Pro пристигнува во март 2020 со тројна задна камера
Објавено на 29.12.2019 во Новости
Следната година излегува новиот модел на таблетот iPad Pro. @OnLeaks и iGeeksBlog тврдат дека Apple ќе го опреми со неверојатна тројна задна камера. Ќе има две верзии, со 12,9 инчен и 11-инчен дисплеј. OnLeaks тврди дека двата нови модела ќе се со иста големина како постарите браќа.
Објавени се неофицијални информации дека 11-инчениот iPad Pro ќе биде со димензии: 248 x 178,6 x 5,9мм. За дизајнот може да видиме дека iPad Pro располага со заден метален панел, а поголемиот ќе биде со стаклен заден панел, исто како и iPhone 11. Претпоставуваме дека цената на овој таблет нема да биде многу ниска.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.