WhatsApp се поблиску до Dark mode

Објавено на 30.12.2019 во Новости



WhatsApp се поблиску до Dark mode

WhatsApp според повеќе тестирања на апликацијата кои засега се вон погледот на јавноста туку им се достапни само на девелоперите е се поблиску до официјална примена на Dark mode.

Наскоро се очекува WhatsApp да премине на темната страна како на Android така и на iPhone нудејќи им црн интерфејс со бел текст за допишување на корисниците.

Предноста на промена на Dark mode е што го намалува штетното зрачење кон очите, а овозможува и заштеда на батерија за тие со OLED екран бидејќи се гасат пикселите и не се троши толку енергија.