Овие рендери за Huawei P40 Pro ни овозможуваат најдобар поглед
Објавено на 30.12.2019 во Новости
OnLeaks ни овозможува порано да го погледнеме моделот Huawei P40 Pro, при што 9TechEleven заедно со Slashleaks и Rodent950 го креирале овој концепт на дизајн. Дисплејот на Huawei P40 Pro би можел да биде многу уникатен. Заоблениот дисплеј на P30 Pro ќе биде заменет со друг, е што сега сите рабови на новиот модел ќе бидат благо заоблени.
Се разбира, за тоа бил потребен целосно нов дизајн. Следниот предводник на Huawei ќе има punch hole за селфи камерата во горниот лев агол на дисплејот, која ќе биде со два сензора, со главен сензор за снимање и ултраширок сензор.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.