Telegram во 2020 влегува со многу новитети

Објавено на 02.01.2020 во Новости



Telegram во 2020 влегува со многу новитети

Telegram во новата година влегува со многу нови функции за корисниците од кои повеќето се однесуваат на избор на различни теми, бои и позадини за разговорите со вашите контакти.

Корисниците исто така ќе може покрај понудените теми сами да креираат позадина користејќи ги сите креативни алатки на располагање.

Во делот на новите функции со едно копче од менито може да го вклучите и исклучите Dark mode за Telegram.