Samsung Galaxy Note 9 ја добива целосната Android 10 надградба

Објавено на 02.01.2020 во Новости



Samsung Galaxy Note 9 ја добива целосната Android 10 надградба

Samsung Mobile ја започна целосната и финална надградба на премиум фаблетот Samsung Galaxy Note 9 со последната достапна верзија на оперативниот систем Android 10 на глобално ниво, започнувајќи од Европа во повеќе региони.

Во новата стабилна и целосна надградба на Samsung Galaxy Note 9 со Android 10 вклучени се повеќе новитети како подобро менаџирање на нотификациите, внесување на Dark Mode во системот, подобро управување со батеријата и поголема безбедност и заштита на приватните податоци.

Автор: Aleksandar Stankov