Пазарната вредност на петте најголеми технолошки компании изнесува речиси 5 трилиони долари

Објавено на 03.01.2020 во Новости



Пазарната вредност на петте најголеми технолошки компании изнесува речиси 5 трилиони долари

Зад најголемите технолошки компании имаме одлична година, во која е детектиран голем раст на цените на акциите и нивната пазарна вредност. Две компании во 2020 година влегоа со пазарна вредност поголема од трилион долари.

Apple така ја заклучи годината со вредност од дури 1,3 трилиони долари, додека втората највредна компанија на светот, Microsoft, тежи 1,2 трилиони долари. Растот остварен минатата година е навистина фантастичен, што особено можеме да го кажеме за Apple, чија вредност во текот на 2019 година порасна за 86%, додека акцијата на Microsoft порасна за 55%. Останатите три технолошки компании од големата петорка Amazon, Apple, Google, Facebook и Microsoft, остварија голем раст. Акцијата на Facebook оствари поголем раст и од акциите на Microsoft (57%), Alphabet порасна за 29%, а Amazon за 23% во 2019 година. 

Вкупната вредност на петте технолошки компании на крајот на 2019 година изнесуваше речиси пет трилиони долари, поточно 4,93 трилиони долари.