Samsung пријатно изненаден од продажбата на 5G смартфони за 2019!

Објавено на 04.01.2020 во Новости



Samsung пријатно изненаден од продажбата на 5G смартфони за 2019!

Samsung во 2019 година продал дури 6,7 милиони 5G смартфони, а нивната цел беа 4 милиони смартфони. Од пазарот со 5G смартфони, Samsung го држи поголемиот дел, т.е. 53,9% од вкупниот 5G пазар.

2020 година ќе биде година кога 5G технологијата ќе ја реализира својата експанзија на пазарот. Веројатно секој нов модел на јужнокорејската компанија ќе биде со 5G мрежа.