Nokia крчка нов ретро смартфон

Објавено на 05.01.2020 во Новости



Nokia крчка нов ретро смартфон

HMD Global пренесува дека со нетрпение го очекува претстојниот голем мобилен конгрес во Барселона за на фановите да им ги претстави новите мобилни телефони кои ќе бидат многу возбудливи.

Генералниот извршен директор Џухо Сарвикас на „оригинален“ начин преку Twitter најави дека годинава ќе има презентација на нов ретро Nokia смартфон. Тоа значи дека некој од иконските модели на Nokia ќе добие повторно лансирање, но во модерна форма со обновен софтвер и перформанси.

Засега нема никакви детали кој од старите телефони на Nokia ќе се врати во игра откако веќе беа лансирани нови верзии на Nokia 3310 и Nokia 8110.