„Facebook е новата цигара – предизвикува зависност и лош е за нас“

Објавено на 05.01.2020 во Новости



„Facebook е новата цигара – предизвикува зависност и лош е за нас“

Идејата за рушење на Facebook на неколку помали компании, што ќе бидат полесни за да се регулираат законски, не е нова. Американските политичари се почесто повикуваат на такво решение, со цел да се спречи растот на Facebook и неговиот монопол на пазарот.

На овој повик се придружи и Марк Бениоф од софтверскиот џин Salesforce, кој го спореди Facebook со „новите цигари за општеството“. „Може да погледнете дека Facebook е новата цигара на нашето општество. Тој е нешто што мора да биде регулирано“, вели Бениоф.

„Сигурно не им е важна вистината во рекламирањето. Тоа дури и самите го кажаа. Затоа моментално сме во криза на доверба, кога најголемите играчи не можат да кажат дека довербата е нашата најголема вредност. Facebook е новата цигара - предизвикува зависност и лоша е за нас, а ги привлекува и нашите деца“, напишал тој на својот Twitter профил.

Автор: Aleksandar Stankov