Пробајте да издржите цел ден без смартфон со Paper Phone

Објавено на 06.01.2020 во Новости



Пробајте да издржите цел ден без смартфон со Paper Phone

Денес е речиси невозможно и еден ден без смартфон. Го користиме речиси за се - телефонирање и допишување, информирање, и плаќање во продавница или во кафе бар. Луѓето просечно го отклучуваат екранот и го користат својот смартфон по 80 пати, затоа што најчесто им е здодевно и не знаат што да прават со рацете.

Што кога некој би ви поставил предизвик за цел ден да поминете без вашиот смартфон? Или ако сакате едноставно да се одморите од вашиот смартфон, но и понатаму ќе ги користите неговите предности? Лондонското студио Special Projects смислило радикален начин за одвикнување од телефонот - Paper Phone. Се работи за „телефон од хартија“, односно бесплатна Android апликација, што му овозможува на корисникот да одбере кои информации му се потребни за тој ден.