NEON вештачките луѓе на Samsung за прв пат прикажани

Објавено на 08.01.2020 во Новости



NEON вештачките луѓе на Samsung за прв пат прикажани

STAR labs на Samsung за прв пат ги прикажа "вештачките" луѓе дел од проектот NEON кој е многу амбициозен во поглед на неговата намена.

Според STAR labs ликовите од NEON може да го поминат Туринговиот тест за вештачка интелигенција. Така со нив нема да забележите дека всушност не разговарате со луѓе бидејќи ликовите од NEON ќе имаат секој посебна личност.

Со NEON луѓето ќе може да разговарате на повеќето светски јазици, да добиете персонализирани услуги, да добиете интерфејс за интернет услуги или пак едноставно да имате друштво.