Sony влегува во автомобилската индустрија со електромобилот Vision-S

Објавено на 08.01.2020 во Новости



Sony влегува во автомобилската индустрија со електромобилот Vision-S

Sony влегува во автомобилската индустрија со првиот концептен автомобил Vision-S, кој изгледа навистина футуристички, како да е автомобил од иднината. Јапонскиот бренд на CES 2020 го презентираше новиот електромобил Vision-S.

Vision-S располага со неодолив дизајн со напреден систем за автономно возење, има два електрични мотора со 268КС, што му овозможува забрзување до 100км/час за неверојатни 4,8 секунди и максимална брзина од 240км/час. Sony Vision-S има 360 Reality аудио систем со совршен звук. Се уште останува непознато кога започнува со сериско производство.