Lenovo ThinkPad X1 Fold е првиот лаптоп со екран на превиткување

Објавено на 08.01.2020 во Новости



Lenovo ThinkPad X1 Fold е првиот лаптоп со екран на превиткување

Минатата година покажа какви ќе бидат трендовите на пазарот на смартфони - преклопувачки и извиткувачки. Сепак, треба да помине уште малку време додека таа технологија да се усоврши и цените да станат поприфатливи за луѓето.

Освен телефоните, го видовме и првиот лаптоп со екран на превиткување – го прикажува Lenovo, но тогаш не дознавме премногу детали за него, како што се спецификациите, цените и почетокот на продажбата. На CES саемот се откриени детали за ThinkPad X1 Fold, кој излегува во продажба кон средината на 2020 година. Основниот модел чини 2.500 долари, додека моделите со 5G мрежа ќе чинат повеќе. 

Извиткувачкиот ThinkPad има 13,3-инчен OLED дисплеј на LG чувствителен на допир, со резолуција од 2048 x 1536 пиксели, Intel Hybrid Technology процесор, 8GB RAM + 1TB меморија и оперативен систем Windows 10 Pro.