Toyota го претстави Градот на иднината на CES 2020

Објавено на 09.01.2020 во Новости



Toyota го претстави Градот на иднината на CES 2020

Toyota на CES 2020 започнува со изградба на Градот на иднината во 2021 година, кој ќе биде лоциран во јапонската планина Фуџи. Градот ќе се напојува со водородни ќелии, за да служи како лабораторија за роботизирање на автомобили, паметни куќи, вештачка интелигенција и друго. 

Јапонската компанија го презема овој чекор со цел да се намали емисијата на штетни гасови што влијаат врз климатските промени, да се намали сообраќајниот метеж и да воведе интернет. Планот е да се изгради градот на површина од 71 хектар. Ова досега е најголемиот најавен проект за Град на иднината.