CAT лансираше нов смартфон со Android 10

Објавено на 09.01.2020 во Новости



CAT лансираше нов смартфон со Android 10

CAT лансираше нов супер издржлив смартфон кој е водоотпорен и исполнува војнички стандарди за цврстина, отпорност на топлина, на прашина, на удари и на голем број на надворешни влијанија и фактори.

CAT S32 доаѓа со Android 10 оперативен систем, има 5,5 инчен 720p HD дисплеј заштитен со DragonTrail Pro стакло, работи со четири-јадрен Mediatek Helio A20 процесор, со 3 GB RAM, 32 GB основна вградена меморија, 13 мегапикселна камера, 5 мегапикселна селфи камера и батерија со капацитет од 4200 mAh.

Новиот издржлив смартфон CAT S32 може да се нарача за сума од 299 долари.

Автор: Aleksandar Stankov