Протекоа плановите на Samsung за оваа година - доаѓа Galaxy Bloom

Објавено на 10.01.2020 во Новости



Протекоа плановите на Samsung за оваа година - доаѓа Galaxy Bloom

Помина годината што беше многу интересна за Samsung – освен класичната надградба на најсилните модели во 2019 година, туку и почетокот на продажбата на првиот телефон со преклопен екран - Galaxy Fold. Како што е познато, првите месеци после претставувањето го следеа проблеми со екранот, но кога тие сега се решени, телефонот се појави во продажба на бројни пазари, каде што секаде беше распродаден.

За оваа година јужнокорејската компанија исто така спремаше еден телефон на преклоп и наследниците на моделот од Galaxy S и Note серијата за време на CES саемот. Плановите протекоа во медиумите, така што знаеме повеќе за тоа што Samsung ќе го претстави во 2020. Новиот смартфон што го нарекувавме Fold 2, на пазарот би требало да се појави како – Galaxy Bloom. Станува збор повторно за преклопен уред со екран на преклоп, како и Motorola Razr, со кого ќе може да се снимаат 8K видеа, а во продажба ќе се појават модели со поддршка за 4G и 5G мрежа. Новиот модел најверојатно ќе пристигне во февруари.