Телевизорите се поголеми, потенки и со подобрени функции

Објавено на 10.01.2020 во Новости



Телевизорите се поголеми, потенки и со подобрени функции

Една од категориите што оваа година предизвика големо внимание на CES саемот во Лас Вегас се телевизорите со висока резолуција. LG Electronics претстави дури 14 нови OLED модели предводени со три од новата серија на GX Gallery со 4K Ultra HD резолуција. Тука се и 88-инчениот и 77-инчениот модел со реална 8K резолуција, но и OLED во нова димензија на екран од 48 инчи.

Во средиштето на новите 8K и 4K LG OLED телевизори, како и 8K LG NanoCell TV, има многу напредна технологија, меѓу кои е новиот AI процесор α (Alpha) 9 Gen 3, кој користи подобрена процесорска моќ и алгоритми со длабоко учење на вештачката интелигенција, со цел дополнително да го подобри квалитетот на сликата и овозможува низа специјализирани спецификации за различни видови на содржини. Новата минималистичка серија Gallery се истакнува по својот тенок профил. Дебелината на 65-инчениот модел е само 20 милиметри. Моделите од 55, 65 и 77 инчи се со нов специјален модел на ѕиден носач.