На европските корисници не им се брза да купат 5G смартфони

Објавено на 10.01.2020 во Новости



На европските корисници не им се брза да купат 5G смартфони

Во својот извештај Future of Devices, GSMA истакнува дека доаѓањето на новите технологии како што е 5G, сепак нема да ја зголеми продажбата на смартфоните во светот. Само 30-40% од испитаните во САД, Европа и Австралија, во нивната анкета одговориле дека поради доаѓањето на 5G мрежатта нема да го променат својот смартфон и да го купат новиот со 5G поддршка. 

Нештата се менуваат кај потрошувачите во Кина и Јужна Кореја, земјите во кои развојот и имплементацијата на 5G мрежата веќе помина. Речиси 50% од Кинезите ќе го заменат својот стар смартфон со нов 5G телефон, веднаш штом стане достапен. Очигледно, потрошувачите во светот различно ја гледаат 5G технологијата.