CES 2020: Samsung Electronics ги претстави новите QLED 8K, MicroLED и Lifestyle телевизори

Објавено на 10.01.2020 во Новости



CES 2020: Samsung Electronics ги претстави новите QLED 8K, MicroLED и Lifestyle телевизори

Samsung Electronics, на саемот CES 2020, ги претстави најновите MicroLED, QLED 8K и Lifestyle телевизори. Со претставувањето на  новите големини на екраните, квалитетот на сликата од 8K, развиен на база на вештачка интелигенција и иновативна технологија за прикажување, Samsung ги покажа уредите кои во 2020 година во целост ќе го променат телевизиското искуство.

„Корисниците секојдневно користат екрани со цел да работат, тренираат или купуваат од своите домови. Како што нашите животни стилови продолжуваат да еволуираат, исто така се менува и телевизискиот екран, со цел да им се понуди на корисниците пристап до омилените содржини, но и до информациите во реално време,“ изјави Jong-hee Han, претседател на оделот за визуелни дисплеи во компанијата Samsung Electronics. „Сега на корисниците можеме да им овозможиме поживо и повмрежено искуство на гледање на содржините од удобноста на нивниот дом, со користење на опциите подржани со вештачка интелигенција и 8K технологија.“

 

Понуда на 8K QLED уреди надградени со AI Quantum 8K процесор

Q950TS QLED 8K телевизорот е flagship уред на компанијата Samsung и е првиот 8K телевизор кој комбинира ултра-тенка форма, премиум 8K квалитет на сликата и импресивен заоблен аудио систем. Освен тоа, овој модел доаѓа со Infinity Screen екран кој достигнува дури 99 проценти на screen-to-body сооднос, со цел да се овозможи досега невидено гледачко искуство, без преседан.

„Во текот на оваа година, 8K резолуцијата ќе биде во фокусот на индустријата,“, изјави Joe Stinziano, директор на одделението за потрошувачка електроника во компанијата Samsung Electronics America. „Новите Samsung модели ја демонстрираат токму моќта на овој потенцијал.“

Со врвна 8K резолуција, овој модел дава најдобра LCD слика на пазарот. Опремен со AI Quantum 8K процесор, има вградена способност за креирање на 8K слика со помош на вештачка интелигенција и длабинско машинско учење, кое автоматски ја претвора содржината со послаб квалитет во 8K. Со функцијата Adaptive Picture, овој телевизор може да го прилагоди приказот на содржината на екранот според амбиенталните услови и засебните слики. Како двигател на овој flagship уред, AI Quantum процесорот ја придвижува и платформата за паметни домови насловена како Tizen, овозможувајќи им на корисниците подобрен квалитет на сликата, нови можности за користење на телевизорите и поврзување со други уреди, додека Tap View им овозможува содржината од телефонот да се прикажува на телевизорот со помош на само еден допир на двата уреди.

8K екосистемот продолжува да се шири, со цел да овозможи емитување на 8K плејбек содржина преку услугите како што е YouTube. Усвојувањето на AV1 стандардот овозможува подобра стапка на компресирање на содржината и подршката со HDR10+ технологијата, како и поефикасно прилагодување на големината на прикажаната слика, светлина и контраст.

Q950TS може да ја прилагоди и јачината на звукот на дијалогот во однос на позадинскиот звук. Дополнително, кога ќе се спои со HQ-Q800T soundbar уредот, кој ја освои наградата CTA „Best of Innovation“, звучниците на овој телевизор служат и како дополнителен аудио канал.

Надградената Universal Guide опција користи алгоритми на база на вештачка интелигенција за да се анализира видот на содржината која ја гледаат корисниците, како и услугите и ТВ каналите кои ги користат често, сè со цел да им понуди соодветни содржини согласно нивните интереси. Корисниците на Q950TS имаат на располагање и Samsung Health преку кој можат да имаат увид во својата активност, да го следат својот напредок како и фитнес целите со своето семејство.

MicroLED го предводи пазарот на домашната забава

Samsung го претстави домашниот, модуларен MicroLED телевизор, кој ја комбинира визуелната технологија на новата следна генерација со досега невидени можности за прилагодување. Со дијагонала од 75, 88, 93 и 110 инчи, MicroLED моделите се погодни за различни домови и животни стилови. Новите MicroLED модели од 88 и 150 инчи се одликуваат со ултра-тенок infinity дизајн, кој ги отстранува рабовите на уредот, создавајќи впечаток дека истиот е претопен и “споен” со ѕидот. Корисниците можат да поврзат и повеќе MicroLED панели, за да направат нови комбинации и да го прилагодат својот телевизор во посакуваниот простор.

Овие екрани го нудат најдобиот квалитет на слика во својата класа. Овозможуваат одлична длабочина на сликата, подобра резолуција и појасна и почиста слика со врвен степен на светлина од 5.000 нити. Користат и функции за прикажување на сликата врз база на длабинско машинско учење, со цел прикажување на највисок квалитет на содржината.

Lifestyle телевизорот,The Sero“,се префрла од вертикален на хоризонтален приказ

Samsung го проширува и портфолиото на своитеLifestyle телевизори, со новиот модел, The Sero. The Sero (на корејски значи „вертикално“), има можност да се префрла од вертикален во хоризонтален приказ – слично со паметните телефони или таблети. Сега корисниците ќе можат да уживаат во различни содржини, вклучувајќи ги друштвените мрежи, YouTube, како и своите видео снимки – во било која форма која им одговара на нивните уреди.

Насочен кон миленијалците и генерацијата Z, The Sero доаѓа со модерен дизајн кој се истакнува во секоја просторија и содржи низа на функции за прикажување на содржина на екранот дури и кога е исклучен. Овој уред ја освои CTA „Best of Innovation“ наградата на саемот CES.

„Корисниците денес очекуваат телевизорот во потполност да се вклопи во нивниот животен стил, а Samsung ја ре-дефинира улогата на екраните, конкретно со претставување на нови дигитални услуги и дизајни,“ изјави Grace Dolan, потпретседателка на одделението за маркетинг и комуникации во компанијата Samsung Electronics America.

За повеќе информации за телевизорите на Samsung во 2020. година, посетете ја https://www.samsung.com/.