Huawei Y9 Prime (2019) добива надградба со Android 10
Објавено на 10.01.2020 во Новости
Huawei ја лансираше финалната верзија на оперативниот систем Android 10 заедно со новата верзија на корисничкиот интерфејс EMUI 10 за евтиниот и квалитетен смартфон Huawei Y9 Prime (2019) по завршениот процес на бета тестирање на софтверот.
Huawei Y9 Prime (2019) со новата софтверска надградба со пакетот на Android 10 и EMUI 10 ќе ги добие сите новитети како што е Dark Mode низ целиот систем, нови анимации низ менито, нови теми и други подобрувања на перформансите.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.