Pixel 4 има проблеми со Face Unlock

Објавено на 10.01.2020 во Новости



Pixel 4 има проблеми со Face Unlock

Google се соочува со поплаки од страна на корисниците на Pixel 4 премиум смартфонот кој откако ја доби последната софтверска надградба покажува големи проблеми со функционирање на опцијата Face Unlock.

Корисниците се жалат дека нивниот Pixel 4 не може да се отклучи со користење на Face Unlock и добиваат нотификација дека нивното лице не може да биде препознаено или дека хардверот за оваа функција не работи.

Google засега работи на детектирање на проблемот со Face Unlock за Pixel 4 и решението најверојатно ќе биде понудено со некоја следна софтверска надградба.

Автор: Aleksandar Stankov