Tesla Inc. е автомобилска компанија со рекордно висока историска вредност

Објавено на 11.01.2020 во Новости



Tesla Inc. е автомобилска компанија со рекордно висока историска вредност

Пазарната вредност на Tesla Inc. изнесува 200 милијарди долари, а во последно време акциите и забрзано растат. Компанијата на Илон Маск сега е рамо до рамо со американските џинови како што се General Motors (GM) и Ford според својата вредност.

Една акција на Teslа моментално вреди 476 долари, додека вкупната пазарна вредност на компанијата изнесува 86 милијарди долари. General Motors е 50 милијарди долари, a Ford околу 37 милијарди долари. Тоа значи дека компанијата за производство на електрични автомобили, Tesla Inc., вреди за 15 милијарди долари повеќе од Fiat Chrysler и Ferrari, заедно, исто како што е за 15 милијарди поголема од вредноста на Honda и Nissan, заедно.