iPhone 9 ќе биде поевтин смартфон со поголем дисплеј

Објавено на 14.01.2020 во Новости



iPhone 9 ќе биде поевтин смартфон со поголем дисплеј

Apple долгоочекуваниот смартфон во средната класа со пониска цена најверојатно ќе го материјализира како iPhone 9 кој ќе има поголем дисплеј од неговиот претходник iPhone 8, а наместо Touch ID скенер за отпечатоци ќе има само Face ID.

На тој начин ќе се ослободи простор и ќе се искористи за поголем дисплеј кај iPhone 9 кој ќе се отклучува и заштитува со скенер за лице.

Хардверот ќе биде предводен од A13 Bionic процесорот па така се очекува перформансите да бидат на ниво и соодветни на неговата цена од околу 400 долари.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: