Корисниците на Windows 7 веќе нема да добиваат надградба

Објавено на 15.01.2020 во Windows



Корисниците на Windows 7 веќе нема да добиваат надградба

Кога го претставија Windows 7 кон крајот на 2009 година, Microsoft најави дека ќе им овозможи поддршка на корисниците на тој софтвер цела деценија. Конечно му дојде крајот, затоа сега компанијата се посветува на вложување во развој на нова технологија. 

Официјално завршува техничката поддршка за Windows 7 и Microsoft веќе нема да објавува софтверски надградби и безбедносни закрпи. Компјутерите со застарен софтвер ќе работат и понатаму, но без безбедносна надградба ќе станат лесна мета за хакерски напади, вируси и малвер. 





 
Најнови телефони
 
 


{}