Со Google Phone повторно ќе се снимаат разговори

Објавено на 15.01.2020 во Новости



Со Google Phone повторно ќе се снимаат разговори

Google најверојатно наскоро ќе ја врати опцијата за снимање на телефонските разговори со вашите контакти директно преку самата Phone апликација.

Ова е откриено преку тестирање на бета верзијата на Google Phone апликацијата каде е видливо дека има опција за враќање на можноста за снимање на телефонските разговори.

Google со Android 9 оперативниот систем оневозможи директно да се снимаат телефонски разговори со што корисниците беа принудени да користат надворешни апликациии за ваква цел.