Доналд Трамп жестоко го напаѓа Apple оти не сака да соработува

Објавено на 15.01.2020 во Новости



Доналд Трамп жестоко го напаѓа Apple оти не сака да соработува

Се повторува истата ситуација кога FBI бараше од Apple да го отклучи iPhone, со цел да се пронајдат убијците што убија 14 лица во еден напад. Apple ја понуди тогаш сета помош што може да ја даде, но сепак одбија да овозможат пристап кон телефонот на убиецот и не направи софтвер за заобиколување на заштитата, со која на полицијата ќе и се овозможи да се отклучи телефонот без внесување на лозинка.

Тим Кук не сака да ги заштитува терористите, туку сите корисници на телефоните на Apple. Главниот обвинител неодамна го побара истото од Apple - отклучување на два iPhone телефона на мажи што во воената база на Пенсакола убил тројца морнари. Нападот се третира како терористички напад, а за истражните тела е од голема важност да откријат со кого комуницирал напаѓачот пред својот поход. Одговорот на Apple е ист. 

Доналд Трамп не остана воздржан и го нападна Apple на Twitter. Тој потсети дека американската влада му помага на Apple во решавањето на проблемите со царините, но компанијата на Кук сепак одбива да ги отклучи телефоните што ги користат убијците, дилери и другите криминалци. 





Прочитајте повеќе: