Пазарната вредност на Tesla (100 милијарди долари), поголема од GM и Ford заедно

Објавено на 15.01.2020 во Новости



Пазарната вредност на Tesla (100 милијарди долари), поголема од GM и Ford заедно

До пред една година имаше многу критики дека прашање е на време кога Илон Маск и Tesla Inc. ќе бакротираат, со оглед на тоа што има многу мала добивка и тоа што компанијата е неспособна за испорака на голем број на возила.

Сега ситуацијата со акциите на Tesla Inc. е друга и во последните три месеци двојно се зголеми, па производството и испораката на автомобилите соборува рекорди, додека пазарната вредност на Tesla е приближно еднаква на 100 милијарди долари. Со акциите на Tesla вчера се тргуваше за цена од речиси 550 долари. Тоа значи дека сега Tesla е повредна од General Motors и Ford заедно. Тоа е неверојатен податок со оглед на тоа што General Motors минатата година продаде речиси 20 пати повеќе автомобили од Tesla, додека Ford продаде 6 пати повеќе возила од Tesla.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
 


{}