Honor се спрема за MWC 2020: HONOR’s All-scenario Smart Life Products Launch

Објавено на 16.01.2020 во Новости



Honor се спрема за MWC 2020: HONOR’s All-scenario Smart Life Products Launch

Подбрендот на Huawei, Honor, се спрема на големо за Mobile World Congress во Барселона. Настанот на компанијата ќе се одржи на 24 февруари под мотото HONOR’s All-scenario Smart Life Products Launch. Се очекува да биде претставен Honor V30 Pro, кој веројатно ќе се вика View 30 Pro.

Освен тоа, ќе биде претставен Honor 9X Pro, лаптопите MagicBook 14 и MagicBook 15, слушалките Honor TWS и Magic Watch 2. Honor V30 и V30 Pro се првите 5G смартфони на Honor, кои располагаат со LCD дисплеј со 6,57 инчи и Full HD+ резолуција. Има двојна селфи камера од 32MP+8MP, под хауба имаат Kirin 990 процесори, при што Honor V30 има чип со 7нм процес со посебен 5G модем Balong 5000, додека Pro верзијата е со 7нм+ процес - Kirin 990 со 5G модем. 





 
Најнови телефони
 
 


{}