Google неделава би можел да влезе во историјата како уште еден трилијардер

Објавено на 16.01.2020 во Новости



Google неделава би можел да влезе во историјата како уште еден трилијардер

И покрај проблемите што ги има Google во последно време, растот на Alphabet е несопирлив. Постојано е под истрага на регулаторните тела на Европската унија поради монополистичкото однесување на компанијата и затоа во последните две години платија казни вкупно 8 милијарди евра.

Ситуацијата за  Alphabet сепак не била подобра досега, затоа што при затварањето на берзата вчера, акцијата изнесувала над 1440 долари, додека пазарната вредност на компанијата достигнала неверојатни 993 милијарди долари. На Alphabet му недостасуваат уште 7 милијарди долари за да може да стигне до трилион долари. Досега три компании ја надминаа оваа граница, а Alphabet ќе биде четврта - Apple ја проби летото во 2018 година, Microsoft во 2019 година има пазарна вредност од 1,25 трилиони долари, исто како и компанијата на Безос, Amazon. 





Прочитајте повеќе: