Zanco го претстави најмалиот мобилен на светот - Tiny t2

Објавено на 17.01.2020 во Новости



Zanco го претстави најмалиот мобилен на светот - Tiny t2

Со тежина од само 31 грам и големина на просечен привезок за клуч, Tiny t2 е новиот мал и функционален мобилен што британската компанија Zanco го претстави пред светот. Сличното го направија уште од 2017 година со моделот Tiny t1, кој беше и повеќе од добро прифатен, доколку судиме по дотогаш објавените рецензии на светските медиуми.

Новиот модел Tiny t2 е вистинско мало технолошко чудо, со оглед на тоа што се застанало во таа мала рамка. Има екран со еден инч големина, влез за слушалки, влез за microSD картичка, 0,3-мегапикселна камера и 3G. Батеријата му трае дури една недела. Телефонот моментално се наоѓа на Kickstarter, каде цената му е 59 долари, но кога ќе започне со производство, цената ќе порасне на 130 долари.