Повеќе нема да ви стигнуваат нотификации за надградба на апликации
Објавено на 16.01.2020 во Новости
Google ја укина опцијата за достава на нотификации за надградба на системските Android апликации од нивното портфолио без оглед дали го имате исклучено автоматското надградување на апликации во Play Store.
Овој потег на Google засега е многу чуден бидејќи практично корисниците нема да бидат известени кога на пример Chrome, Gmail, YouTube или останатите апликации ќе добијат нова верзија.
Од една страна се намалува монополското влијание за вечно користење на само еден сет на апликации и се намалува бројот на нотификации кои го одвлекуваат вниманието, но од друга страна се ограничува и самата информираност на корисниците.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.