Стартува новиот Microsoft Edge базиран на Chromium

Објавено на 16.01.2020 во Новости



Стартува новиот Microsoft Edge базиран на Chromium

Microsoft ја стартуваше целосно новата верзија на интернет прелистувачот Edge кој сега се базира на отворениот код на Chromium што треба да обезбеди поголема брзина при отворање на веб страни и стабилност.

Корисниците на Windows 10 оперативниот систем во текот на наредните два месеца ќе добиваат автоматска надградба на новиот Edge.

Сега Edge ќе понуди целосна синхронизација на профили и лозински меѓу сите уреди кои ги користите. Во него е вградена и старата верзија на Internet Explorer доколку на некого му е воопшто потребна.