Новиот преклопен смартфон на Huawei ќе биде помал, поиздржлив и поевтин

Објавено на 17.01.2020 во Новости



Новиот преклопен смартфон на Huawei ќе биде помал, поиздржлив и поевтин

Преклопните телефони минатата година станаа стварност. Samsung, Huawei, помалку познатата кинеска компанија Royole и Motorola ги претставија телефоните што ни покажаа како треба да изгледа иднината на мобилната индустрија. Дали тоа ќе биде навистина така, ќе покаже времето.

Тешко е да се поверува дека сега би можеле да излезат поевтини преклопни смартфони. Нов модел на Samsung ќе биде претставен во февруари, со поевтина цена, кој ќе биде дизајниран како Motorola Razr. Се појавија и нови информации за новиот Huawei Mate XS, на кого компанијата моментално работи. Новиот модел ќе биде помал, поевтин и поиздржлив во споредба со минатогодишниот Mate X. Преклопните телефони сега се поедноставни за производство, што влијае на падот на трошоците за производство и самата цена на телефонот, кој би се појавил во март. Huawei спрема друг модел за втората половина на 2020 година.