Огласувачите лути на YouTube поради видеата за климатските промени

Објавено на 17.01.2020 во Новости



Огласувачите лути на YouTube поради видеата за климатските промени

Google, т.е. YouTube, веќе неколку пати се најдоа на удар на големите брендови, кои во неколку наврати ги повлекоа своите реклами од тој видео сервис. Причината беше содржината на видеата, односно шефовите на компаниите биле шокирани кога виделе дека рекламите се прикажуваат на видеа за тероризам.

YouTube ги промени алгоритмите, но се уште има проблеми со прикажувањето на рекламите. Според последниот извештај на непрофитната организација Avaaz, на видеата со лажни информации поврзани со климатските промени и опасностите што климата ни ги носи, се прикажуваат рекламите на големите брендови како што се Warner Bros, L’Oréal, Decathlon, Samsung и други. На видеата се кажува дека климатските промени се лажни и тоа може во голема мера да им наштети на оние што плаќаат реклами. Затоа се лути на YouTube.