Huawei P40 Pro доаѓа со задна петорка камера во март

Објавено на 18.01.2020 во Новости



Huawei P40 Pro доаѓа со задна петорка камера во март

Ликстерот Иван Блес, објави фотографии во јавноста со идниот премиум модел Huawei P40 Pro. Pro моделот ќе биде дизајниран со керамичко куќиште, со стаклени панели од задната и предната страна со заоблени рабови.

Новиот смартфон на Huawei ќе биде со пет камери, кои се уште не се знае за сигурно со колкава резолуција ќе бидат . На предниот панел од сликите се забележува и двојна селфи камера. Се очекува од Huawei да го претстави во март во Париз.

Автор: Aleksandar Stankov