Еве кога ќе пристигне Xiaomi Mi 10
Објавено на 19.01.2020 во Новости
Xiaomi веќе и официјално потврди дека на 11 февруари ќе ја одржи својата главна промоција на која ќе биде претставена новата премиум серија на смартфони составена од Xiaomi Mi 10 и Xiaomi Mi 10 Pro.
Според најновите сознанија овие премиум смартфони ќе работат со најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 865 процесор кој исто така ќе има 5G модем за најбрза интернет мобилна конекција.
Xiaomi Mi 10 моделите ќе има по четири главни камери на задната страна и двојна селфи камера на предната страна. Батеријата ќе има капацитет од 4500 mAh со ултра брзо полнење.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.