Каков рекорд сруши WhatsApp?

Објавено на 20.01.2020 во Новости



Каков рекорд сруши WhatsApp?

WhatsApp е убедливо најпопуларната апликација за допишување во светски рамки, надминувајќи ги конкурентите како Viber, Snapchat и WeChat. WhatsApp e апликација која е во сопственост на Facebook за што беа инвестирани 19 милијарди долари и очигледно влогот на Марк Цукерберг се исплатеше.

Според најновите статистики WhatsApp ја надмина бројката од 5 милијарди преземања во PlayStore и со овој успех е само втора апликација во историјата. Првата на која тоа и успеа беше ако може да погодите, токму Facebook како најдоминатна социјална мрежа.

WhatsApp нуди многу напредни опции за допишување, енкрипција на двете страни од разговорот, можност за скенирање на документи, а се повеќе се користи за бизнис, и наоѓање на контакти и клиенти. 





 
Најнови телефони
 
 


{}