Chrome ќе ве потсетува дека имате премногу отворени табови

Објавено на 20.01.2020 во Новости



Chrome ќе ве потсетува дека имате премногу отворени табови

Предноста на користењето на интернет прелистувач како Chrome е брзото кликање и отворање на нови веб страници во нови табови. Сепак, корисниците знаат често да заборават дека имаат премногу отворени веб страници и линкови во нови табови кои со оглед на габаритот на Chrome може да ги забават перформансите.

Затоа во следната верзија на Chrome која наскоро се очекува да биде официјална на корисниците ќе им биде понудено да активираат потсетник кој ќе им кажува дека имаат отворено голем број на табови кои се неактивни. 

Со покажување на знаменце ќе знаете кои табови се отворени претходно и кои од нив ќе може слободно да ги затворите без да изгубите значајни линкови од воспоставените интернет сесии на Chrome.