Не му треба Google на Huawei, тој има ново решение за мапите
Објавено на 20.01.2020 во Новости
Новите модели на Huawei нема да може да го користат оперативниот систем на Google, па затоа размислувал како да воведе свои апликации и свој софтвер. Според информациите од минатата недела, откриено е решение според кое на идните модели од P, Mate и другите серии, ќе бидат заменеите Google Maps.
Така е потпишан договор со компанијата TomTom, со што на телефоните на Huawei во иднина ќе се користат нивните мапи, сообраќајни информации и навигацискиот софтвер. Портпаролот на TomTom, Remco Meerstr, вели дека компаниите потпишале договор за соработка од порано, но јавно е објавен минатата недела. Деталите за договорот се уште остануваат непознати.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.