Шефот на Google повикува за регулација на вештачката интелигенција

Објавено на 21.01.2020 во Новости



Шефот на Google повикува за регулација на вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција мора да биде регулирана и единственото прашање е како ќе се изведе сето тоа, изјави шефот на Google, Сундар Пичаи. Неговата компанија е еден од лидерите во таа област и очигледно ги знае сите позитивни и потенцијални негативни последици од употребата на вештачката интелигенција.

Затоа е важно во законите и регулативите да се направи баланс меѓу сите тие позитивни страни од кои ќе имаме корист и можни негативни последици. Пичаи вели дека е редно време да престанеме само да разговараме за тоа и да почнеме со конкретна акција околу донесувањето на правилата и регулативите поврзани со AI.