Huawei ќе продава 5G смартфон за 150 долари

Објавено на 21.01.2020 во Новости



Huawei ќе продава 5G смартфон за 150 долари

Huawei не ја гледа 5G технологијата како ексклузивна само за премиум класата ниту како додатна вредност преку која ќе ја зголеми профитната маржа во продажбата на смартфони. 

Затоа целта на Huawei е да овозможи пристапот до 5G мобилните услуги да бидат достапни до што е можно поголем број на корисници.

Веќе следната година сосема вообичаено ќе биде смартфоните на Huawei во основните и почетните средни класи да се продаваат по цена од околу 150 долари со 5G мобилна конекција.